Законот за јазици не треба да биде партиска тема и за тоа да се обидуваат да поентираат. Затоа велам, не му помага на Мицкоски оваа тема – рече вицепремиерот Бујар Османи, во синоќешното гостување на дебатниот магазин „Click Plus” кој изјави: „Не сум среќен кога Мицкоски зборува на прес конференција за Законот за јазици“.
Вицепремиерот кој предупреди дека ќе има дестабилизација доколку некој го чепне Законот за јазици по занбелешките од Венецијанската комисија, негираше дека рекол оти е можно да има војна ако има проблем со Законот за јазици.
Тоа се fake news. Пред 2001 имавме носење на одлуки само од една страна. По 2001 година одлуките се носат со консензус и така треба да биде. Со војните завршивме, сега ни треба заеднички јазик, рече Османи.