Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во телефонски разговор со новоизбраниот премиер на Косово, Авдула Хоти,упати честитки за изборот на новата Влада.
Во овие сложени времиња на заканата од пандемијата Ковид-19, ова се добри вести кои навестуваат политичка стабилност, не само за Косово, туку и за целиот регион. Дозволете во името на Владата на Македонија да Ви честитам на изборот со надеж дека заедно, како непосредни соседи, ќе продолжиме во изградбата на пријателски односи, во насока на исполнување на нашата заедничка цел, европската интеграција на двете земји и воошто на целиот регион – порачал Османи.