Македонија 30. јули 2019. / 14:00

Османи: Кога ќе почне неселективно рушење на дивоградби, ќе почне од дивоградбата на Усеини

Османи: Кога ќе почне неселективно рушење на дивоградби, ќе почне од дивоградбата на Усеини

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, изјави денеска дека од ДУИ била воспоставена комуникација со Охрид, како што рече, по инцидентот завчера кога советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усени, нападнал професор и жител на Охрид затоа што пријавил див приклучок на водоводната мрежа, пишува Република.

-Одговорот што го добивме од таму беше дека доколку се почне со неселективно рушење на дивоградбите, ќе ја имаме честа да почнеме од него со рушење. Зошто го кажувам ова, бидејќи неселективниот пристап е најважен. Нема потреба да се партизира и политизира оваа работа. Секој си носи одговорност за постапките, рече Османи за дивоградбата кај чинарот во Охрид.

На прашање дали по инцидентот ДУИ ќе го исклучи од партијата Нефи Усеини, Османи рече:

-ДУИ нема да поддржи или заштити некој доколку го има прекршено законот. И во делот на дивоградбите пораката е да се почне со неселективно рушење на сите дивоградби, не само во Охрид, туку низ целата држава, рече Османи.