Македонија 16. април 2020. / 13:49

Османи: Ќе се изолирам до вторник кога според протоколите треба да се направи тестирањето

Османи: Ќе се изолирам до вторник кога според протоколите треба да се направи тестирањето

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на својот „Фејсбук“ профил напиша дека одлучил да не присуствува на состанокот на Советот за безбедност и да се изолира до вторник, бидејќи вчера бил на средба со градоначалникот на Куманово кој потврди дека е позитивен на коронавирусот.

– По позитивната потврда за Ковид-19 на градоначалникот на Куманово, а поради тоа што вчера имавме состанок во Општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштитна маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денеска да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите, напиша Османи.

Тој му посака брзо закрепнување на градоначалникот на Куманово и на сите заразени граѓани.