Осуммина дипломати денеска од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи ги добија акредитивните писма за нивно назначување како новоименувани амбасадори.
Министерот Османи рече дека осбоено го радува што во оваа прилика, како дел од првата група амбасадори, го врачи и акредитивното писмо на првиот амбасадор во Мисијата во НАТО, Дане Талевски.
-Имате голема чест, но и обврска да градите големи и искрени пријателства на Република Македонија во земјите на вашиот прием“. Тоа е одлика на нашата надворешна политика да градиме мостови и партнерства, и од вас, како наши највисоки претставници, очекувам достоинствено, темелно и ефикасно спроведување на овие наши стратешки интереси, истакна Османи.
Османи на средбата дополни дека процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места мора да продолжи и да се забрза како приоритет на надворешната политика и изрази очекување дека наскоро ќе завршат и дел од постапките за останатите испразнети места во дипломатско-конзуларните претставништва.сите испразнети места уште во текот на 2021 година.
На денешната средба во МНР, министерот Бујар Османи, оствари лична средба со новоименуваните амбасадори кои се упатуваат во странство и лично им ги врачи акредитивните писма на
-Данчо Марковски како вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Албанија со седиште во Тирана,
-Фатон Бејта, како вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Данска со седиште во Копенхаген,
-Шпреса Јусуфи, како вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Косово со седиште во Приштина,
-Сали Лимани, како вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Казахстан со седиште во Нур Султан,
-Шабан Јашари, како вонреден и ополномоштен амбасадор во Државата Катар со седиште во Доха,
-Дане Талески, како вонреден и ополномоштен амбасадор во Постојаната Делегација при НАТО во Брисел,
-Теута Агаи – Демјаха, како вонреден и ополномоштен амбасадор и Шеф на Постојаната Мисија при ООН во Женева
-Марија Ефремова, како вонреден и ополномоштен амбасадор при Светата Столица, со седиште во Ватикан.