Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска од седиштето на Државната изборна комисија упати порака до сите учесници на претстојните парламентарни избори за важноста од организирање на фер, демократски и слободни избори, имајќи предвид дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори.
– Секогаш кога ќе дојдам на средба во ДИК велам дека овој пат треба да има фер и демократски избори, но овој пат навистина тоа така треба да биде, изјави Османи.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) истакна дека секој од учесниците да си ја земе сопствената одговорност за организирање на изборите и граѓаните слободно да ја изразат својата волја и да излезат на гласање.
Вицепремиерот Османи рече дека на денешната седница на Владата ќе информира за потребата за носење на измените на Изборниот законик, кои се во драфт верзија и се уште не се во владина процедура. Последната собраниска седница ќе биде закажана на 3 февруари, кажа Османи.