Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредната и ополномоштена амбасадорка на Грузија во земјава со седиште во Софија, Тамуна Лилуашвили и акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Казахстан во земајва со седиште во Будимпешта, Жанибек Абдрашо.
Како што соопшти МНР, Османи посакувајќи им успешна мисија на амбасадорката Лилуашвили и амбасадорот Абдрашо, изрази задоволство од досегашниот развој на односи меѓу двете земји кои се темелат на традиционално пријателство и меѓусебното разбирање.
–Назначувањето на прв нерезидентен амбасадор на Грузија за Република Македонија, по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, е вистински чекор за натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави, истакна Османи.
Шефот на дипломатијата нагласи дека и со Казахстан ќе продолжи нагорниот тренд во меѓусебната соработка, посебно во економската сфера, за што постојат бројни неискористени можности.
Амбасадорката Лилуашвили и амбасадорот Абдрашов се заблагодарија на топлиот прием, и истакна дека Грузија и Казахстан се подготвени за натамошен развој на билатералните односи со Република Македонија, врз основа на меѓусебното почитување и заедничкиот интерес во повеќе области, се додава во соопштението.