Македонија 12. март 2019. / 14:28

Османи: ДУИ не бара смена на тимот на СЈО, туку правична застапеност

Османи: ДУИ не бара смена на тимот на СЈО, туку правична застапеност

Одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека ДУИ во текот на преговорите инсистирале да се смени целиот тим на СЈО, Вицепремиерот Бујар Османи истана дека тоа е лажна вест и потенцираше дека ДУИ никогаш го немала покренато тоа прашање ниту пак употребата на бомбите во постапките.

– Апсолутно тоа не било барање на ДУИ, ниту би го оспориле доколку би се вратило како решение. Тоа што ние разговараме во поглед на законот за обивнителство, како ќе се регулира прашањето на правичната застапеност. – рече Османи на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по промоцијата на Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Исто така Османи кажа дека ДУИ ќе продолжи со поддршка да се обезбеди мнозинство за усвојување на новиот закон за јавно обвинителство, го кое е инкорпорирано СЈО.