Македонија 23. јануари 2020. / 14:00

Османи: ДУИ ќе се придржува кон принципот „победник со победник“

Османи: ДУИ ќе се придржува кон принципот „победник со победник“

ДУИ ќе се трка сама и ги повика другите албански партии да се обединат со цел да го обединат албанскиот глас.

Ова во ексклузивно интервју за „Газета Експрес“, го изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, запрашан дали ДУИ ќе оди сама на избори или ќе формира коалиција со која било друга албанска политичка партија.

Што се однесува до коалициите со македонските партии по изборите, Османи рече дека ДУИ ќе се придржува кон принципот „Победник со победник“, што подразбира дека ДУИ ќе формира коалиција со македонската партија која ќе победи, без оглед дали станува збор за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, потенцирајќи дека ДУИ никогаш нема да дозволи да се поништи Договорот од Преспа, Законот за употреба на јазиците или Договорот за добрососедство со Бугарија.