Македонија 06. ноември 2020. / 17:30

Османи – Чавушоглу: Има потенцијал за уште поголема соработа меу Скопје и Анкара

Османи – Чавушоглу: Има потенцијал за уште поголема соработа меу Скопје и Анкара

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на состанокот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во Анталија, соопшти МНР.

Османи го запозна Чавшоглу со приоритетите во неговиот мандат како министер за надворешни работи, со акцент за посветеноста на одржувањето на добрососедски односи со земјите од поблиското и поширокот соседството, како определба за посилна кохезија и синергија на регионалната соработка и стабилност.

Негуваме традиција на долго и блиско пријателство. Република Турција е силен економски партнер на нашата земја и во таа насока гледаме можности за продлабочување на соработката, истакна Османи.

Тој се заблагодари за континуираната поддршка која доаѓа од Република Турција за членството на нашата држава во евро-атлантските структури.

-Убеден сум дека јасна и недвосмислена перспектива на сите земји од регионот за членство во ЕУ е вистинскиот механизам и единствената алтернатива за трајна стабилизација нa земјите од Југоисточна Европа, истакна Османи.

Шефовите на двете дипломатии разговараа и за соработката во областите на економијата, образованието, одбраната, културата, туризмот, но и за борбата против тероризмот и сите форми на екстремизам.

Министерот Чавушоглу, ја потврди подготвеноста за зајакнување на соработката на билатерален план, на регионалната соработка, како и во интегративните процеси. Посебен интерес даде на значењето од интензивирање на економската соработка и интересот на потенцијалните турски инвестиции на македонскиот пазар, каде веќе се остваруваат видливи резултати, се вели во соопштението од МНР.