Македонија 01. мај 2019. / 22:50

Османи бара ветинг во судството: Судењето на Македонец и Албанец не е секогаш исто

Османи бара ветинг во судството: Судењето на Македонец и Албанец не е секогаш исто

Вечерва во „Клик Плус“, вицепремиерот Бујар Османи рече дека на сите средби меѓу заедницата напоменувал дека судството има потреба од „ветинг“.

– Ова го кажувам како политичар на ДУИ, дека неколку пати се случува да има различни судски епилог кога се работи за Македонец и кога се работи за Албанец и Ром на пример. – рече Бујар Османи во студиото на ТВ21.