Македонија 24. април 2019. / 18:06

Османи: Али Ахмети одлучува за министрите

Османи: Али Ахмети одлучува за министрите

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, денеска порача дека само претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ќе одлучи дали ќе треба да биде променет одреден министер од редовите на овој коалиционен партнер во Владата по завршувањето на вториот круг од претседателските избори.

-ДУИ, во овој мандат главно ги реализирала скоро сите предизборни ветувања, и на половина од мандатот, би рекол, дека речиси ја исполни изборната програма, но секако тоа е право на претседателот Ахмети кој може да ја оцени индивидуалната работа на секој поединец- рече Бујар Османи.

И премиерот Зоран Заев денеска изјави дека до реконструкција на Владата може да дојде само со консултации со владините коалициони партнери.