Македонија 21. март 2019. / 21:45

Ориѓански се предомисли – ги избриша статусите против Дурловски и новинарите

Ориѓански се предомисли – ги избриша статусите против Дурловски и новинарите

Музичарот Златко Ориѓански се предомислои. Откако деновиве беше акуелен со навреливи статуси со кои шири говор на омраза, денеска реши истите да ги избрише од неговиот ѕид на фејсбук. Го избришал статусот со кој го навреди оперскиот пејач и лидер на движењето За заедничка Македонија, Игор Дурловски.

Го избриша и оној зa новинарите на кои им го најде лекот – солна киселина.

Дали тоа ќе го искупи од одговорност?! Министерството за внатрешни работи најави дека за ширење говор на омраза на социјалните мрежи следуваат кривични пријави.