Државниот и здравствен инспекторат бара да бидат одземени дозволите за работата на двете ординации каде се лекувал и оперирал 39-годишниот пациент, кој почина од сепса откако бил опериран од хемороиди.
Инспекторатот предметот го предава во Јавното обвинителство кое треба да утврди дали има кривична одговорност за смртта на пациентот. Ординацијата др. Крсто Митановски каде била изведена операцијата се утврдило дека од 2012 година работи без кадар, бидејќи докторот кој е носител на дејноста се пензионирал, а нема информација дека е примен друг лекар.
Инспекторите дури имале проблем да направат надзор во ординацијата, бидејќи кога и да оделе било заклучено. Одземање на дозволата ќе се бара и за ординацијата Јанита каде работи хирургот Звонко Николовски, бидејќи тој можел да работи само во ординацијата за каде имал дозвола, а не и во другата установа Др. Крсто Митановски.
За случајот е формирана и специјална комисија која треба да утврдат дали имало пропусти во лекувањето на пациентот. Пациентот умре неколку дена по операцијата на хемороиди од сепса во болницата 8. Септември.