Македонија 29. октомври 2018. / 14:01

Орданоски: Јас имам ниво на општестввено влијание да го напишам писмото на Мијалков – со обвинувањата го навредуваат него

Орданоски: Јас имам ниво на општестввено влијание да го напишам писмото на Мијалков – со обвинувањата го навредуваат него

Новинарот Сашо Орданоски се огласи преку колумна, откако „Лидер“ објави дека тој го напиша писмото на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, упатено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Орданоски во колумната за „Цивилмедиа“ демантира дека е автор на писмото на Мијалков.

JАС, сум бил авторот на писмото што Мијалков само го потпишал! Гревчиња. Ајде мене што ми припишуваат општествено влијание за коешто самите можат само да мечтаат во своите највлажни соништа; и, до тука, е во ред, јас такво влијание, благодарам на комплиментот, имам. Ама со тоа, на сопствената „отворена рана“ дотураат уште малку сол, бидејќи на Мијалков, всушност, му порачуваат: „Ти си толку глупав, што ни писмо не знаеш да напишеш, морало еден Орданоски да ти го составува“…Мислам дека ова Мијалков лично ќе им го сфати. Верувајте, последиците можат да бидат бомбастични, пишува Орданоски во колумната.

Тој во колумната потенцира дека Мијалков, всушност, во писмото го обвинува Мицкоски како главен помошник на СДСМ и на меѓународната заедница за прифаќање на Договорот од Преспа.

Сега, не разбирам, ако и двете страни се обвинуваат за иста работа, дека работеле за успех на Преспанскиот договор, во што е проблемот? – праша Орданоски во својата колумна.

Откако Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за исклучување на Мијалков од партијата, поранешниот директор на УБК со отворено писмо му се обрати на Мицкоски. Дека писмото, е чудно да е напишано од Мијалков, потврди и денеска поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски.

Целата колумна на Орданоски може да ја прочитате ТУКА.