Советот на Општина Шуто Оризари донесе одлука за отворање на полициско одделение и одлука за отстапување на објект во сопственост на општина Шуто Оризари заради отворање на полициско одделение на МВР.
-Советот на општина Шуто Оризари поради зголемениот број на нарушувања на јавниот ред и мир, зголемената фреквенција на посетители на пазарот, како и поради сообраќајниот метеж на главната улица во Шуто Оризари утврди потреба за отворање на полициско одделение- соопштија од Општината.
Работата на полициското одделение ќе биде во согласност со надлежностите на Министерството за внатрешни работи, а во насока на превентивно делување- спречување на кривични дела, зголемување на заштитата на безбедноста на граѓаните и ефикасно разоткривање на сторителите на кривични дела.
Полициското одделение ќе се наоѓа на улица Нов Живот бб.