Македонија 06. април 2020. / 16:25

Општина Куманово бара социјалната помош и пензиите да се носат на домашна адреса

Општина Куманово бара социјалната помош и пензиите да се носат на домашна адреса

Општина Куманово одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста Ковид-19  и беа побарани следните насоки од Владата.

Бараме да донесе одлука за средства кои се исплаќаат во вид на социјална помош и пензии да бидат исплаќани преку ЈП „Македонски пошти“ и други субјекти кои имаат можност за таков сервис дирекно до граѓаните како би се надминал постојаниот метеж пред банките и другите услужни установи кои вршат шалтерска исплата и услуга, бидејќи при вакви услуги евидентно не се почитуваат препораките на Владата од страна на граѓаните, информираат од општината.

Воедно за потребите на Угрентен Центар бараат да се обезбеди дополнително возило за транспорт на пациенти како и специјално возило (цистерна) со распрскувачи за вршење на дезинфекција на јавните површини на територија на Општина Куманово, бидејќи капацитетите со кои располага ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово не се доволни за секојдневна и целосна дезинфекција на градот.