Општина Куманово бара од Владата да воведе полициски час од 20 до 05 часот на територијата на општината, со посебни исклучоци за лица, кои имаат потреба од делување.
Дополнително, бараат од Владата да обезбеди 100 монтажни кревети и оградни паравани за преградување на простор, кои ќе се користат за карантински сместувања по потреба.
Ова се дел од заклучоците од денеска одржаниот шестти состанок на Општински штаб за заштита и спасување.
Препорака упатија и до ЈП Водовод-Куманово да воведе дополнително обезбедување на фабриката за производство на вода- филтер станица, а СВР Куманово да обезбеди 24-часовно присуство на полициски службеник во самиот објект.
Се препорачува Општина Куманово согласно Одлука на Советот на општината да обезбеди финансиски средства за набавка на возило за дезинфекција, механички пумпи, средства за дезинфекција, маски…
–Се бара од Главниот штаб на ЦУК и Владата на Република Северна Македонија да ја зголемат контролата на лицата бегалци на територијата на Општина Куманово и да се контролира бројот на бегалци, кои се наоѓаат на Табановце, да се води сметка за 72-часовен престој во кампот за бегалци во с.Табановце, за да не се загрози безбедноста на месното население, се вели во соопштението од Општина Куманово