Македонија 27. февруари 2019. / 12:13

Општина Гостивар ќе додели парична помош за семејствата на загинатите и повредените

Општина Гостивар ќе додели парична помош за семејствата на загинатите и повредените

Советот на општина Гостивар, денеска, на 12. седница, едногласно ја усвои одлуката за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите и на повредените патници.

Со оваа одлука општината, во знак на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово на секое семејство на настраданите ќе им додели парична помош од 30.000 денари, а на повредените 15.000 денари.

На седницата е одлучено да биде доделена и донација за селото Ласкарци од 300.000 ден.