Македонија 24. септември 2019. / 20:54

Општина Гази Баба спречи отворање на албанска паралелка во основно училиште

Општина Гази Баба спречи отворање на албанска паралелка во основно училиште

Нема надеж за отварање на паралелката на албански јазик за шестооделенците од училиштето Његош во Идризиво, пренесе АлсатМ.

Според решението кое од општина Гази Баба му е упатено на раководството на училиштето, барањето за отворање нова паралелка е одбиено бидејќи е е задоцнето, а за да се реализира потребни се посебни услови, бидејќи има само 11 ученици.

Исто така, во одлуката на општина Гази Баба се потенцира дека за отварање на ваква паралелка ќе бидат потребни 10 нови вработувања. Општината бара од родителите своите деца да ги испраќаат во основното училиште на селото Огњанци а за нив ќе има организиран превоз. Родителите не се согласуваат. Според нив, училиштето во Огњанци не е решение.

Министерот за образование, Арбр Адеми, ја оцени одлуката на општината Гази Баба како несериозна, срамна и неодговорна. Адеми не даде одговор за тоа дали по примерот на Гостивар, ќе му ги одземе надлежностите во образованието на градоначалникот на Гази Баба, но најави дека за проблемот ќе се дебатира на првата наредна седница на Владата.