Македонија 28. јуни 2018. / 17:34

Општина Гази Баба и УНДП ќе соработуваат во областа на културата

Општина Гази Баба и УНДП ќе соработуваат во областа на културата

Скопската општина Гази Баба и УНДП ќе започнат со работа на заеднички проекти од областа на културата.

Како што соопштија од општината, градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска на средба со постојаниот координатор на Обединетите нации и постојан претставник на УНДП во Македонија, Луиза Витон разговарале на неколку теми, со акцент на проекти кои се однесуваат на долготрајна заштита на културното наследство.

На средбата, Георгиевски и Витон разговарале, се додава, и за развивање на соработката во други области, кои се од суштинско значење за развој, урбанизација и модернизација на општина Гази Баба.