Општина Битола ќе ги обесштети нејзините жители кои претрпеле штета врз имотот за време на неодамнешната поплава во тој град.
Од секторот за односи со јавност информираат дека по силните и обилни врнежи од дожд и невремето што ја зафати Битола на 9 и 10 јануари, жителите на Битола кои претрпеле штета, може да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во локалната самоуправа.
–Во прилог на барањето потребно е да се достават имотен лист, доказ за сопственост, копија од лична карта и број на трансакциска сметка. Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен. Барањата ќе се доставуваат до 20 јануари, нагласуваат од Општина Битола.