Македонија 26. мај 2020. / 15:23

Општина Битола ќе додели финансиска поддршка на невладини и спортски клубови

Општина Битола ќе додели финансиска поддршка на невладини  и спортски клубови

Од денес до 9 јуни отворен е јавниот повик на Општина Битола за финансиска поддршка на здруженија на граѓани, фондации и спортски клубови.

За проектите на невладиниот сектор издвоен е еден милион денари, и исто толку средства за активностите на спортските клубови во Општина Битола.

– Здруженијата на граѓани и фондации ќе добијат грантови за проекти од областа на локален и економски развој, образование, култура, техника, наука, здравство, спорт и екологија. За спортските клубови и здруженија, исто така ќе биде доделен еден милион денари за активности и цели од областа на спортот што ќе ги предложат клубовите од овој град, посочуваат од Општина Битола.

Апликациите ќе ги разгледува и одобрува комисијата за финансии и буџет формирана од Советот на Општина Битола.