По паузата од два часа, пратеникот Ејуп Алими побара нова пауза на Комисијата за европски прашања за да го проверат преводот на амандманите дали е согланост со нормите и деловникот и подобро да ги разберат амандманите.
Претседателот на комисијата Груби даде нова пауза од еден час.На барањето на Алими, реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев кој рече дека ова барање покажува неколегијаност и потврдува дека власта не е подготвена да дебатира.
Пратеникот Ејуп Алими е обвинет во случај на СЈО, за изборни нерегуларности односно уништување на изборен материјал.
На денешната седница се разгледуваат 401 амандман, кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги образложат. Потоа, треба да се гласа за измените.
Седницата беше отворена вчера од страна на претседателот на комисијата, Груби, но по отворањето беше одложена. Според ВМРО-ДПМНЕ, не може измените на Изборниот законик да се дискутираат на Комисијата за европски прашања и да се користи европското знаменце, бидејќи, ЕУ не се меша во изборните законици и остава секоја држава самостојно да ги креира. Според нив, ова е класична злоупотреба за инструментот.
Се очекува комисиската расправа за амандманите да трае до полноќ.