Македонија 06. март 2020. / 13:59

Опасноста од мигранти постои, но нема поголема раздвиженост на јужната граница

Опасноста од мигранти постои, но нема поголема раздвиженост на јужната граница

На подрачјето на нашата јужна граница нема поголеми раздвижувања од мигранти, но сепак опасноста од мигранти во земјава е голема иако притисокот е долу на границата помеѓу Турција и Грција, изјави заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање дали има поголемо раздвижување на мигранти на јужната граница.

Редовно сме информирани од колегите од грчката полиција и од Фронтекс и во координација со нив ќе го зголемиме бројот на полицајци доколку тоа е потребно, рече заменик-министерката Петровска при денешната посета на СВР Велес.

Таа потенцира дека апсолутно проблемот со мигранти по нашата граница постои се додека не биде решен од таму каде што потекнува.

– На нас е да ги преземеме сите мерки, за тоа да биде претходно превенирано, потенцира Петровска.