Македонија 11. јуни 2020. / 16:03

Дваесетина доктори, медицински сестри и технички персонал од „8. Септември“ се во самоизолација

Дваесетина доктори, медицински сестри и технички персонал од „8. Септември“ се во самоизолација

Состојбата во ГОБ „8 Септември“ е под контрола. Околу 20 лица – доктори, медицински сестри и технички персонал се во домашна самоизолација по основ на контакт со потврден случај, информира директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова-Бухова.

Работата во болницата не е компромитирана. Болницата „8 Септември“ работи со својот персонал и со помош на други здравствени институции со полн капацитет – истакна Сотирова-Бухова, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Епидемиолошката анкета укажува дека првите два позитивни случаи од медицинскиот персонал во болницата се разболеле од контакт однадвор.

Првите два позитивни случаи според епидемиолошката анкета укажува на импортирана инфекција однадвор. Другите се изолирани врз основа на контакт со позитивно лице – рече Сотирова-Бухова.

Во однос на информацијата дека медицински лица од Армијата ќе земаат брисеви од лица кои се во карантин, Сотирова-Бухова рече дека таа нема такви информации.