Македонија 05. април 2018. / 10:46

ОЈО направи Монти Пајтон со апсењето на Чавков: Го барале во стан од каде што го иселиле (ВИДЕО)

Катерина Гетева во нејзиното вчерашно издание на емисијата „Несомнено“. го анализира и повторното притворање на Митко Чавков, после одлуката на Врховен суд. Таа додаде дека ПР стратезите сигурно заборавија дека во октомври минатата година викаа фотографи за да го сликаат селењето на Чавков од функционерската зграда кај нова железничка во Скопје. А и кога го уапсија првиот пат, тој бил лишан од слобода од куќата во Ново Лисиче.

Нејасно е како полицијата два пати го барала во празен стан во општина Центар кога и обвинението и на решението за притвор стои адресата во Лисиче, а надлежни за да вршат контрола дали Чавков ја почитува одлуката за куќен притвор се полицајците од полициската станица Аеродром, објаснува Гетева.

Интересно е што Кривичната пријава за фотографирање на поранешниот директор на БЈБ и министер за внатрешни работи Митко Чавков никако да стигне на дневен ред во Јавното обвинителство.

Како што истакна Гетева, линчот врз Чавков почнува од првиот ден од неговото апсење, но причината зошто ОЈО не покренува кривичната одговорност за незаконско фотографирање на Чавков се уште не е позната за јавноста.

МВР го најде лицето кое го сликаше Митко Чавков во истражниот затвор Шутка, но јавното обвинителство никако да напише кривична пријава за лицето, пренесува Гетева.

Зошто со месеци не е поднесена кривична пријава за фотографирањето на поранешниот министер на МВР и директор на БЈБ Митко Чавков ако се знае кој неовластено го фотографирал во истражниот затвор Шутка.

Обвинителството потврдува дека ги знае сторителите на овој случај, но нејасно е што уште истражува кога се знае дека лицето кое ја направило фотографијата го виделе од затворската полиција во Шутка, а истото го утврдила и внатрешната контрола на МВР. Пријава за овој случај поднела и сопругата на Митко Чавков, вели Гетева.