Македонија 01. август 2018. / 19:30

Огромна колона на патот кон Охрид

Огромна колона на патот кон Охрид
Километарска колона возила едвај се движи на патот кон Охрид поради метеж кај планинскиот превој „Стража“.

Возилата стојат во место каде што е поставен третиот семафор, а кај претходните два семафора присутни се и полициски службеници за регулирање на сообраќајот. Во спротивниот правец сообраќајот се одвива нормално и без подолги задржувања.

Голем број граѓани традиционално заминуваат за Охрид по повод празникот Илинден, кој годинава е в четврток.