Македонија 05. јануари 2021. / 19:34

Официјално: Нема да има амбасадори со двојно државјанство

Официјално: Нема да има амбасадори со двојно државјанство

Откако опозицијата најави дека ќе го блокира предлог законот за надворешни работи, а власта го повлече, денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, потврди дека само државјани на Македонија ќе можат да бидат избрани за шефови на ДКП и амбасадори.

– Во однос на шефовите на ДКП-ата го зацврстуваме решението дека само државјани на Македонија можат да избрани за шефови на ДКП односно за амбасадори, но тоа што е исклучително важно е дека поставуваме минимален лимит од 75% од амбасадорите да бидат од МНР, односно професионални дипломати, изјави Османи.

Согласно новиот Закон, кој се очекува да го усвои Собранието, 75% од амбасадорите ќе бидат дипломати од кариера, а останатите ќе бидат политички. Ќе се воведе и јасен систем на кариера, со дистинкција меѓу дипломатите и административните службеници. Дипломатите ќе бидат посебна категорија и тие ќе се вработуваат преку мерит-систем, додека пак административно – техничките служби ќе продолжат да се водат согласно одредбите од Законот за административните службеници.