Македонија 10. март 2020. / 15:00

Официјално: Натпреварот против Косово ќе се игра без публика

Официјално: Натпреварот против Косово ќе се игра без публика

Со одлука на владата се одредува дека натпреварот меѓу Македонија и Косово ќе се игра без публика.

Ваквата одлука доаѓа во рамки на најновите мерки што се преземаат за да се спречи ширење на корона вирусот во земјава.

Како дел од тие мерки е предвидена забрана за сите масовни собири и настани со над 1000 учесници во следните 14 денови. Забрана ќе има и за присуство на публика на спортските настани во рок од 30 дена.

Фудбалските репрезентации на Македонија и Косово ќе се сретнат во Скопје на 26 март во рамки на полуфиналето од бараж од Лигата на Нации.