На вчерашната седница на Владата на Република Македонија беше донесена одлука да се одземе концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица.
Имено, причината поради која компанијата била одбиена е поради наводно недоставување на целокупната потребна документација согласно законот за минерални суровини за добивање на експлатација.
Прашањето е колку штета би имала државата доколку „Еуромакс“ реши да ја тужи Република Македонија на меѓународниот суд, но и колкава е штетата врз економијата која ќе ја има неработењето на овој рудник.
-Владата беше ставена во процеп помеѓу предизборното ветување дека ќе ја запре изградбата на рудници и ќе се ревидираат веќе дадените концесии за експлоатација на рудното богатство во југоисточниот дел на Македонија и обврските кои државата ги има кон концесионерите, за што може да биде соочена со плаќање на милионски отшетети, како и кон декларираната ориентираност кон зачувувањето и проширувањето на обемот на странските инвестиции во земјата, пишува „Економски“.
Економистите коментираат дека и онака слабата македонска економија не може да си дозволи губење на инвеститори и на компании, а помалку затворање на рудници. Овој дел на Македонија е познат по својот слаб економски развој и со иселувањето на жителите токму поради немање на перспектива и проблем со решавање на егзистенцијалното прашање.
Инаку, владата ветуваше голем број на странски инвестиции, подржување на домашните и економски бум, но ништо од тоа не се случи.