Македонија 07. мај 2018. / 10:48

Одрони на карпи ја блокираа едната коловозна лента на патниот правец Стража – Охрид

Одрони на карпи ја блокираа едната коловозна лента на патниот правец Стража – Охрид

На патниот правец Стража – Охрид има одрони на карпи што ја блокирале едната коловозна лента. На терен нема екипи кои работат на расчистување и обезбедување на патот, а причината за одронот се обилните дождови што ја зафатија Македонија и Балканот во текот на вчерашниот ден.

Сообраќајот не е блокиран, но на коловозот нема сигнализација што би ги предупредила возачите за одроните. До овој момент нема никаква информација од АМСМ.