Македонија 25. февруари 2021. / 10:24

Одобрен договорот за набавка на 100 илјади дози од руската вакцина

Одобрен договорот за набавка на 100 илјади дози од руската вакцина

Владата вчера ме овласти да го потпишам договорот за набавка на вакцини од Русија, изјави утрово министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека веќе интензивно уште во текот на вчерашниот ден во попладневните часови преку претставници на Руската амбасада се обидуваат да добијат поточни и поконкретни информации во однос на тоа кога би пристигнале вакцините во земјава.

„Имавме затворена седница. Договорот е практично по истиот принцип како што беа и останатите договори. Станува збор за количина од 100 илјади дози“, додаде Филипче.

Министерот посочи дека и денеска ќе продолжи комуникацијата со претставниците на компаниите „Синофарм“ и „Фајзер“.

– Искрено се надевам дека во следните денови ќе ги имаме и конкретните датуми засега остануваме во интензивните разговори со претставници на двете компании, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката Букурешт по повод донација од Стопанска банка за Здравствениот дом во Скопје.