Македонија 28. February 2019. / 11:57

Одложено судењето за убиството на Никола Саздовски

Одложено судењето за убиството на Никола Саздовски

Денешното судење за убиството на 20-годишниот навивач од групата „Комити“, Никола Саздовски не се одржа од причина што не биле доставени списите од дополнителното вештачење кое се прави по завршената реконструкција на случајот.

Наредното рочиште е закажано за 5-ти март.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.