За 26-ти октомври е презакажано судењето против советникот на ДУИ од Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро.
На судењето не се појави братот на Нефи, Ибраим Усеини на кого му се слошило.
ОПтсутен бил и главниот сведок Спиро Топаловски кој бил отсутен од оправдани причини, односно требало да се грижи за децата.
На браќата Усеини денес требаше да им се суди за инцидентот пред два месеци кога Спиро Топаловски во охридската полиција ги пријави дека го претепале и му се заканувале со пиштол пред неговиот син.
Топаловски набрзо потоа ја промени изјавата и порача дека со Нефи е пријател.