Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ се одложува за 26 ноември, поради отсуство на обвинетиот Мартин Протуѓер.
Судијата Осман Шабани, рече дека Протуѓер не го известил судот до почеток на денешното рочиште за своето отсуство. За следната расправа, судијата, даде наредба за полициско спроведување на Протуѓер.
За следното рочиште се повикани четворица сведоци.Претходно бранителот на Миле Јанакиевски, адвокатот Еленко Миланов, побара од Судот денешната расправа да заврши до 12 часот, поради закажана јавна седница пред Врховниот суд за неговиот клиент.
Предметот се наоѓа во доказна постапка и застапник на обвинението е Лиле Стефанова.