Македонија 26. јануари 2021. / 11:11

Одбраната во ТНТ бара изземање на обвинителот Рустеми поради тоа што влијаел да биде повлечено обвинението на Амзоски

Одбраната во ТНТ бара изземање на обвинителот Рустеми поради тоа што влијаел да биде повлечено обвинението на Амзоски

Одбраната на обвинетите во случајот ТНТ бара изземање на обвинителот Бурим Рустеми.

Тие сметаат дека Рустеми не може да биде застапник на ова обвинение бидејќи бидејќи по негова согласност тогашната специјална обвинителка Катица Јанева го повлекла обвинителниот акт против Адријан Амзоски, зет на Фиат Цаноски.

Откако СЈО го повлеко обвинението, Амзоски му напишал на Бојан Јовановски СМС со содржина: „СЈО го повлече предметот. Благодарам од срце. Ајде сега да работиме на раат“.

По повлекувањето на Обвинението фирмата на Амзоски во неколку наврати на сметката на Меѓународен сојуз исплатилa 850.000 eвра.