Македонија 02. јуни 2020. / 12:47

Одбраната на Јанева праша како е возможно Ана Камчева да успеала да стави 350.000 евра во несесер

Одбраната на Јанева праша како е возможно Ана Камчева да успеала да стави 350.000 евра во несесер

Адвокатите на Катица Јанева, при давањето завршни зборови се осврнаа на сопругата на Орце Камчев, Ана и на нејзиното претходно сведочење.

Адвокатот Дељо Кадиев кажа дека Ана тврдела дека во несесер „H&М“, не поголем од триесетина сантиметри сместила 350.000 евра кои наводно ги однела во домот на Боки додека таму била и Јанева.

Невозможно е во толкав несесер да се стават 70 снопчиња од по сто евра банконти. Законите на физиката не одат во прилог. За тоа ќе ви биде потребно патна торба. Згора на тоа Камчева тврдеше дека Боки подоцна и го вратил несесерот – објасни Кадиев.