Македонија 20. септември 2019. / 11:17

Одбиен предлогот за анкента комисија за СЈО, Милошоски обвинува за фалсификат

Одбиен предлогот за анкента комисија за СЈО, Милошоски обвинува за фалсификат

Предлог барањето за формирање на анкетна комисија во собранието за СЈО им е вратено на подносителите поради наводни недостатоци, изјави денеска пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој обвинува за фалсификат, бидејќи ракописот не бил на спикерот Талат Џафери.

Тој посочи дека во финансиските извештаи за СЈО нема прецизни ставки за трошоци и дека ВМРО – ДПМНЕ има сознанија за злоупотреби при јавни набавки.