Македонија 27. јануари 2021. / 08:13

Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот

Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има воведно обраќање на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

-Република Македонија, како одговорен и почитуван член на меѓународната заедница, веќе повеќе години наназад го одбележува овој ден со цел да оддаде почит на преку шест милиони невини деца, жени и мажи – жртви на овој ужасен чин, меѓу нив и 7.144 македонски Евреи кои своите животи ги загубија во логорот на смртта во Треблинка, но исто така и на жртвите на сите останати геноциди, се наведува во соопштението од МНР.

На комеморативното одбележување, што ќе се одржи во организација на Министерството за надворешни работи,  ќе се обратат и претседателот на Собранието на Еврејската заедница во Република Македонија, Радојка Хелман – Денковска, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн, нерезидентниот амбасадор на државата Израел, Дан Оријан, како и Фари Хисени, координаторот на регионалниот проект на Куќата на Ана Франк од Амстердам „Историја – лекции за сегашноста од Младински образовен форум – Скопје.