Македонија 08. декември 2020. / 09:45

Одбележување на 8 Декември – Св. Климент Охридски

Одбележување на 8 Декември – Св. Климент Охридски

По повод празникот 8 Декември – Св. Климент Охридски, делегации на Владата и на Собранието ќе положат цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

Во составот на Владата ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе положи цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

Пред споменикот цвеќе ќе положи и делегација на Собранието, во состав од пратениците Горан Мисовски, Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска.