Поранешниот главен и одговорен уредник на Македонската телевизија, Диме Ратајковски на својот фесјбук профил сподели видео видео мемоари со академик Блаже Ристовски кои се направени непосредно пред да почине.
Ристовски раскажува за првата Влада во независна Република Македонија и ставот на тоогашниот министер за односи со странство Денко Малески кој бил против осамостојувањето на Република Македонија.
„…Го предложив Денко Малески, сметајќи дека тој е син на татко со кого бевме блиски, и за кого знаев дека е човек кој не може да мисли поинаку. Му кажавме на Денко да биде потпретседател (на Владата м.з). Тој се согласи.
Ама утрето сабајле се јавува, се премислии: Не, рече, ако може Министер за надворешни работи, добро, ако не, не прифаќам потпретседател! Кљусев ми вика, што правиме сега? Ај, биди ти потпретседател и министер за надворешни работи. Му викам, Кљусев, тоа е преголем товар за тие два ресора да ги водам. Уште повеќе, јас мислам дека Денко Малески, со доброто владеење на англискиот јазик, оти јас не го владејам многу добро за да можам да контактирам со светот на едно достојно ниво, подобро ќе биде Денко да го вклучиме за Министер за надворешни работи. И така и би.
За жал, подоцна се покажа дека тој не е согласен за осамостојување на Република Македонија. На два состанока на безбедносните совети тој даваше изјави, записнички констатирани, дека не е согласен со самостојност на Република Македонија. Јас му кажав на Кљусев, му кажав на Глигоров дека имаме проблем. Тој е Министер за надворешни работи, а е против самостојноста. А ние готвиме одделување од Југославија.
На една средба со Денко во кабинетот на Кљусев, тука беа уште двајца други министри, разговаравме за тоа и Денко даде оставка, писмена. Киро Глигоров имаше посебен однос спрема Денко, и го советуваше Кљусев да не ја прифати. И Кљусев само ја смачка молбата за отказ, и не му даде отказ.
Меѓутоа по разговорот во канцеларијата на Претседателот, тој на вратата уште еднаш јасно и гласно рече: САМОСТОЈНОСТ САМО БЕЗ МЕНЕ! И ја тресна вратата! И така имавме после доста несогласувања, отпори итн. Меѓутоа ние ја формиравме Владата и Владата беше прифатена од Парламентот. На таков начин на 20 март беше формирана првата експертска влада на Република Македонија“,.
Статусот на Ратајковски и видеото од разговорот со Блаже Ристовски на следниот ЛИНК