Македонија 09. март 2021. / 13:19

Од утре стартува имунизацијата на здравствените работници со руската вакцина

Од утре стартува имунизацијата на здравствените работници со руската вакцина

Во поликлиниката „Јане Сандански“ утре почнува имунизација на здравствените работници со вакцината „Спутник В“, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

-Поради проширувањето на ковид капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здарвство.

Во поликлиниката Букурешт утре почнува ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“.