Како последица од компликации од ковид-19 на 60 – годишна возраст почина познатиот лекар и сестран уметник Драган Спасески Охридски.
Спасески Охридски беше специјалист ортопед – хирург. Автор е на бројни уметнички дела видени на изложби во земјава и во странство, автор на поетски и прозни дела.
– Самопожртвувано, низ секојдневна клиничка пракса им помагаше на пациентите, а со својот позитивен лик, енергичност и сестраност секогаш беше тука и за колегите, за професионална дискусија, личен разговор, совет и поддршка. Ќе биде запаметен и по неговиот општествен, хуманитарен ангажман како и по неговата пасија за уметноста, особено сликарството и поезијата, се вели во пораката со сочувство на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” – Охрид.