Македонија 18. ноември 2020. / 17:33

Од ковид-19 почина Мите Костов Папули, лидер на Партијата на Власите во Македонија

Од ковид-19 почина Мите Костов Папули, лидер на Партијата на Власите во Македонија

На 61-годишна возраст денеска од ковид-19 почина Мите Костов Папули, претседател на Партијата на Власите во Македонија.

Мите Костов Папули е роден во с.Аџибегово, светиниколско, а дипломирал и магистрирал на Економскиот факултет во Скопје. Беше долгогодишен активист и борец за влашкото прашање, со својот ангажман даде огромен придонес за промовирање и афирмирање на влашкиот јазик и култура, долгогодишен претседател на Лигата на Власите, иницијатор за формирање на Влашката редакција при МРТ, Меѓународниот совет на Власите, иницијатор за формирање на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, за изучување на влашкиот јазик во основните училишта и на Филолошкиот факултет во Скопје.

Папули е добитник на многубројни домашни и меѓународни признанија и плакети за неговиот ангажман околу влашкото прашање, но и во областа на економијата.