Македонија 13. април 2020. / 09:54

Од корона вирус во земјава заразени 117 здравствени работници

Од корона вирус во земјава заразени 117 здравствени работници

Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот. Според податоците на Институтот за јавно здравје , регистрирани се 117 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно со податоците од 11-ти април.

Позитивни на корона вирус се здравствени работници од Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.

Заболени здравствени работници заразени со корона вирус регистрирани беа и на Клиниката за кожни болести, Клиниката за кардиологија, за Инфективни болести, кај Итната медицинска помош, Здравствениот дом Скопје, Заводот за рехабилитација во Скопје, болницата во Куманово, приватната болница од Битола „Плодност“…