Македонија 30. јануари 2020. / 12:14

Од домот на Јанева одземени се лаптоп, девет парчиња УСБ и кожна ташна „Луј Витон“

Од домот на Јанева одземени се лаптоп, девет парчиња УСБ и кожна ташна „Луј Витон“

Од домот на Катица Јанева одземени се СИМ картичка и мобилен телефон. Од нејзината канцеларија е одземен двд рекордер, лаптоп, девет парчиња УСБ, еден документ со име Решение, еден документ од болница, фискална сметка и кожна ташна „Луј Витон“.

Од нејзиниот дом е одземена една аголна гарнитура, две фотелји и две „клуб“ маси. Од домот на покојната мајка на Јанева одземен е еден тефтер кој бил на Катица Јанева, како и еден лап-топ и едно УСБ.

Во домот на сега осудениот Зоран Милески кој беше осуден во овој случај биле одземени низа документи, мобилни телефони и банкарски картички.

Во случајот „Рекет“ првообвинет е Бојан Јовановски-Боки 13 кој се терети за перење пари и за примање награда за противзаконито влијание, а второобвинета е Катица Јанева. Таа е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувања.