Македонија 15. февруари 2019. / 18:35

Од денеска за САД сме Република Северна Македонија

Од денеска за САД сме Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името.

Ние веднаш ќе почнеме да го користиме новото име и ќе почнеме процес на промена на референците на интернет-страниците, официјалните документи и секаде на друго место, се наведува во кусата објава на амбасадата.