Македонија 11. јануари 2021. / 15:35

Од денеска важи Законот за регистрација на возила со странски таблици

Од денеска важи Законот за регистрација на возила со странски таблици

Денеска почнува примена на Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Македонија.

Со овој закон се уредуваат постапката и условите за регистрација на моторни возила за превоз на патници (категорија М), возила за превоз на товар (категорија N), возила на две и три тркала и квадрацикли (категорија L) и приколки – вклучително и полуприколки (категорија О), со странски регистарски таблици кои влегле на територијата на Република Македонија до 1 октомври 2020 година и условите за користење на финансиските бенефиции за регистрација на овие возила.