Македонија 05. март 2021. / 10:09

Од денеска модуларната болница пак ќе се полни со ковид пациенти

Од денеска модуларната болница пак ќе се полни со ковид пациенти

Модуларната болница пред Инфективната клиника во Скопје од денеска повторно ќе биде отворена за пациенти заболени со коронавирусот.

Причина е се поголемиот број на ковид-позитивни пациенти кои ја полнат Клиниката за инфективни болести, каде што капацитетот е речиси целосно исполнет.

– Веќе е подготвен кадарот, којшто сега повторно исто како во месец ноември работи по системот на ротација, лекари, медицински сестри од сите одделиенија повторно ја воспоставивме онаа координација и комуникација на ниво на сите клиники во Скопје, за да се обезбеди уште еден дополнителен болнички капацитет, истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување на МТВ, додавајќи дека вакцинацијата ќе се префрли во Здравствениот дом во Скопје, кадешто ќе се користи тамошниот вакцинален пункт.

Согласно вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, во претходните 24 часа се регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, починале девет лица и се регистрирани 1.753 оздравени пациенти.

Институтот за јавно здравје вчера информираше дека во периодот од 22 до 28 февруари се бележи зголемување од 56,4 отсто на новозаразени во однос на минатата недела.